15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Децата затруени на брод во Хрватска се будат од кома

Здравјето на двете деца на возраст од пет и 14 години кои се затруја на брод во близина на Хвар е стабилно, па тие се исклучени од респиратори и дишат самостојно.

После три дена, лекарите во сплитскиот Клинички центар започнале да ги будат од кома, пренесе ХРТ.

Според извештајот, децата се во стабилна состојба, но и натаму се изложени на ризик по животот.

Петгодишно момче и 14-годишно девојче се затруја од јаглерод моноксид од неправилно вграден генератор во едреник со кој со семејството и пријатели тргнале на крстарење по Јадранот.

Сопственикот и капетанот на бродот, кои ќе се бранат од слобода, се осомничени дека предизвикале трагедијата во која загина 57-годишниот Евгенио Винчи, а две деца се во животно загрижувачка состојба.

Тие се осомничени дека во моторот на бродот вградиле бензински агрегат, поради што дошло до истекување на отровни гасови.

Хрватскиот министер за поморство, Олег Бутковиќ, изрази жалење за трагичниот настан во Хвар, потсетувајќи дека хрватскиот Регистар на бродови редовоно врши контрола кај бродовите кои се во пловна состојба.

Спонзорирано: