11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул, со што продолжија тестирањата на оружје, кои доаѓаат во време на замрзнатите нуклеарни разговори со Вашингтон и продолжувањето на воените вежби на САД и Јужна Кореја, коишто го разлутија Пјонгјанг.

Ова е шести пат како се испукани проектили од 25 јули навака. Ракетите биле истрелани од северната покраина Кангун, првите во 8:01 часот по локално време, а вторите 15 минути подоцна, соопшти војската на Сеул. Војската информираше дека достигнале висина од околу 18 милји и летале 143 милји пред да се паднат во водите меѓу Јужна Кореја и Јапонија.

Генерално, Сеул ги класифицираше другите неодамнешни лансирања на северот како балистички ракети со краток дострел.

Во Вашингтон, висок претставник на администрацијата изјави дека САД се свесни за случувањата и ќе продолжат да ја следат состојбата.

Спонзорирано: