12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин одликува двајца херои – пилотот и копилотот кои слетаа во поле и спасија 223 патници

Рускиот претседател Владимир Путин им ја додели титулата „Херој на Русија“ на двајцата пилоти на компанијата „Урал ерлајнс“, кои принудно слетаа во поле во предградие на Москва, спасувајќи ги животите на 223 патници.

Останатите членови на екипажот се одликувани со Орден за храброст.

Руски патнички авион „Ербас“ вчера принудно слета во поле, во близина на аеродромот „Жуковски“, веднаш по полетувањето од Москва бидејќи птици влетале во моторот на леталото, а во инцидентот се повредени 23 лица, меѓу кои девет деца.

Авионот со 234 патници и членови на екипажот летал од Москва кон Симферопољ, на Крим.

Пилотот Дамир Јусупов и копилотот Георгиј Мурзин во Русија ги слават како херои, бидејќи со својот храбар потег и одлучност успеале да спасат многу луѓе.

Спонзорирано: