11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Неочекуван пораст на бројот на илегални мигранти на словенечката граница

Бројот на нелегални преминувања на границата во Словенија е во голем пораст годинава, објави денеска словенечката полиција, посочувајќи дека најголем број илегални мигранти доаѓаат од Пакистан, Алжир и Авганистан.

Во редовниот месечен извештај за состојбата со миграцијата се наведува дека во јули е достигнат најголем месечен број на илегални преминувања на границата, по масовниот мигрантски бран од 2015-2016 година. Според податоците, само во овој месец биле приведени 1.740 мигранти.

Во првите седум месеци од годинава имало 7.415 обиди за илегални преминувања, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Словенечките полицајци вратиле 4.908 нелегални мигранти во соседните земји, додека тие вратиле 416 лица во Словенија кои нелегално влегле во нивната земја, меѓу кои и 24 словенечки државјани.

Во Словенија во моментов има 346 баратели на азил, додека 680 лица добиле статус на меѓународна заштита.

Спонзорирано: