10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Маж и жена од САД лажеле дека добиле бебе за да присвојат пари и подароци

Една двојка од Пенсилванија е обвинета дека лажирала раѓање и смрт на дете за да добие повеќе од 600 долари донации и подароци од пријателите и семејството.

Државната полиција ги обвини Џефри и Кејси Ланг дека со измама украле и присвоиле туѓ имот.

Двојката објавила фотографија од бебе на својот фејсбук-профил. Во прилог на објавата напишале дека бебето се родило на 3 јули, но дека починало неколку часа подоцна.

Властите соопштија дека сликата на бебето одговара на изгледот на кукла од новороденче, откриена во нивниот дом во округот Сомерсет.

Двојката имала сметка отворена за донации и исто така во мај организирала и прослава по повод очекуваното раѓање на бебето.

Властите велат дека во овој случај засега нема никакви докази за раѓање и смрт на дете.

Спонзорирано: