21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индонезискиот претседател предлага преселување на престолнината од Џакарта

Индонезискиот претседател предложи денеска главниот град да се пресели од пренаселената и загадена Џакарта, која има 10 милиони жители, на островот Борнео.

Сепак, тој не ја прецизираше точната локација на новата престолнина.

Во говорот пред парламентот претседателот Jоко Видодо, во пресрет на Денот на независноста, предложи новиот главен град да се наоѓа на Калимантан, односно на индонезиската страна на островот Борнео.

„Затоа барам ваша дозвола да го преместите нашиот главен град во Калимантан“, рече Видодо.

„Главниот град не е само симбол на националниот идентитет, туку е и показател за напредокот на нацијата. Овој предлог би служел и за постигнување економска еднаквост и правичност“, додаде тој.

Спонзорирано: