11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во џамија за време на молитва во Пакистан, четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа денес, а 20 се повредени во силната експлозија што одекна за време на молитвата во џамија во Кати, југозападен Пакистан.

Шефот на локалната полиција, Абдул Али, изјави дека бомбата најверојатно била поставена во самата џамија и била активирана со далечински управувач.

Жртвите, додаде тој, биле пренесени во блиските болници во Кети, главниот град на провинцијата Балучистан.

Полицијата стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Во експлозијата загина и имамот на џамијата, која е оддалечена 25 километри од Кета, јави „Ројтерс“.

Друг службеник на полицијата изјави дека бомбата била поставена во џамијата под дрвено столче што го користел имамот.

Спонзорирано: