4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еболата се прошири во трета провинција на Конго

Епидемијата на ебола, која трае веќе една година во Конго, се прошири во трета провинција, откако во Јужен Киву беа потврдени два случаи на заболување, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во источниот дел на Конго во епидемија на ебола починаа 1.808 од 2.765 заболени, според новиот извештај.

Епидемијата, што избувна на 1 август минатата година, е втора по големина во историјата.

Распространетоста на потврдени случаи во трета провинција покажува дека здравствените работници водат тешка битка да ја задржат епидемијата, и покрај постоењето на вакцина.

Многу луѓе во Источен Конго не им веруваат на лекарите и на другите здравствени професионалци.