11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Братот на водачот на авганистанските талибанци убиен при експлозија во џамија

Братот на лидерот на авганистанските талибанци, Хаибатула Ахунџада, е едeн од најмалку петмината загинати во џамија во Кета, југозападен Пакистан, пренесува „Танјуг“.

Според еден извор, загинал Хафиз Ахмадула, помладиот брат на талибанскиот водач.

Експлозијата одекнала за време на молитва, а најмалку 20 лица се повредени.

Шефот на локалната полиција изјави дека бомбата најверојатно била подметната во џамијата и активирана со далечински управувач.

Жртвите веднаш биле пренесени во болниците низ Кета, аолицијата стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.

Спонзорирано: