21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бананите ги напаѓа опасна болест

Во Латинска Америка првпат се појави гливична болест што ги напаѓа бананите од видот кавендиш, соопштија властите, пренесе Би-би-си.

Се работи за вид на габа наречена фусарум што предизвикува таканаречена панамска болест на плантажите со банани и е забележана во Колумбија. Оваа болест се шири низ целиот свет со децении и е исклучително тешка за лекување. Поголем дел од бананите увезени од САД и ЕУ се од видот кавендиш.

Иако оваа гливична болест не е опасна за луѓето, експертите сметаат дека е може опасно да ги загрози залихите на банани од овој вид.

Во светот постојат повеќе од 100 видови банани, кои се испорачуваат во различни бои, облици и големини, а нешто помалку од половина од глобалното производство се темели на овој вид, кавендиш. Овие банани се попогодни за превоз од другите видови, а даваат и изразито многу високи приноси по хектар. Гливичната болест би можела да ги нападне и другите видови банани.

Спонзорирано: