19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советот за безбедност в петок ќе дискутира за прашањето на Кашмир

Советот за безбедност на ОН свика состанок поради ескалацијата на состојбата меѓу Индија и Пакистан околу спорот за поранешната држава Џаму и Кашмир, кој ќе се одржи в петок, пренесува ТАСС.

„Претседавачот реши седницата да се одржи в петок наутрово форма на затворени консултации“, вели изворот.

Во средата Кина го поддржа барањето на Пакистан, поднесено на почетокот од оваа недела, за дискусија на СБ на ОН за ова прашање.

На 5 август Њу Делхи објави дека го отповикува членот 370 од Уставот на земјата, кој ѝ даваше посебен статус и одреден степен на автономија на државата Џаму и Кашмир и ја делеше државата на две територии во голема мера контролирани од централната владата. Пакистан остро го осуди овој потег.

Пред уставните измени, Јаму и Кашмир – единствената индиска држава во која муслиманите се мнозинство – имаа специјална автономија. Сите закони во оваа држава донесени од централната власт (освен оние што се однесуваат на одбраната и на надворешните односи) требаше да бидат поддржани од локалното собрание. Граѓаните од другите индиски региони немаа право да купуват земјиште во Кашмир. Државата имаше и свое службено знаме и голем број други привилегии.

Спонзорирано: