12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обдукцијата покажа дека Џефри Епстеин имал скршени вратни коски

Обдукцијата направена на телото на Џефри Епстеин покажала дека претрпел неколку скршеници на вратните коски, наведе „Вашингтон пост“ во извештај што беше објавен вчера.

Лицата запознати со извештајот од обдукцијата рекле дека меѓу вратните коски кои се скршени е и подјазична коска, која се наоѓа во близина на јаболчниците.

Ваков вид на кршење коски може да се случи кога човек ќе се обеси или умре од давење.

Шеесет и шестгодишниот Епстеин во саботата беше пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк. Беше сместен сам во специјална ќелија.

Мултимилионерскиот менаџер на фондови за осигурување од ризици се наоѓаше во затвор од почетокот на минатиот месец, а во обвинението против него се наведува дека управувал со синџир за криумчарење со жени од 2002 до 2005 година. Се смета дека плаќал девојчиња на возраст од 14 години за сексуални услуги.

Тој се изјаснил дека не се чувствува виновен.

Спонзорирано: