5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Металика“ донираше 250.000 евра за изградба на детска онколошка болница во Букурешт

Американскиот метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на здружението кое во Букурешт ја гради првата детска онколошка болница во Романија.

„Тоа е гест за кој не сме ни сонувале“, изјави за „Франс транс“ Кармен Ускату, еден од основачите на романската невладина организација „Подари живот“.

Од хуманитарната организација „All Within My Hands“, основана од „Металика“, соопштија дека „последната етапа од турнејата започнува со многу посебна донација“.

„Металика“ синоќа одржа концерт во Букурешт, а следниот настап во рамките на турнејата WorldWired ќе биде утре во Виена.

Во Романија, стапката на смртност кај деца заболени од рак е двојно поголема од просекот на Европа.

Спонзорирано: