14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тунижани во Италија под истрага за суровост кон животните

Двајца туниски мигранти се под истрага од италијанските власти за суровост кон животните откако наводно заклале овци на паркинг, пренсува „Ил џорнале“.

Мигрантите заклале две овци во селото Бентивољио во Болоња како дел од годишниот исламски фестивал на жртвување Еид ал-Адха, но биле забележани од локалниот чувар, кој повикал на полицијата по инцидентот.

Според локалните медиуми, тие го користеле паркингот на локална фирма што била затворена за празниците за да не бидат откриени. Непосредно по известувањето од чуварот, карабиниерите пристигнале и ги известиле мигрантите дека колењето животни без претходно да ги зашеметат е кривично дело.

Во изминатите неколку дена, полицијата низ Италија откри голем број случаи поврзани со колење животни за исламскиот празник, вклучително и случајот во Болоња, каде што двајца Мароканци биле фатени додека криеле овци во своето возило. Ниту еден од мигрантите немал документи.

Во Фиренца, пет лица биле обвинети од карабиниерите за тајно колење овци и кози на фарма. Полицајците исто така заплениле неколку кози и овци за да спречат да бидат заклани нелегално.

Популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, гласно се спротивставува на ритуалното халал колење, а лани изјави дека ќе им стави крај на дупките во законот што им овозможуваат на муслиманите да колат животни без нивно зашеметување.

Спонзорирано: