5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО: Најмногу заболени од сипаници во последните 13 години

Во првата половина од годината пријавени се најголем број случаеви на заболени од сипаници во последните 13 години, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација.

Тоа истовремено е трипати повеќе случаеви во однос на истиот период минатата година.

Случаевите на заболени од сипаници се раширени во целиот свет, болеста освен што го загрозува здравјето и животот на луѓето, таа е голем товар на здравствените системи.

Најголем број заболени од сипаници во последните 25 години е забележан во САД.

Во Европа во првите шест месеци од годинава регистрирани се речиси 90.000 случаеви на оваа болест, што е повеќе од вкупниот број на заболени во 2018 година, кога биле регистрирани вкупно 84.462 лица.

Како причина за зголемување на бројот на заболени се наведува растот на бројот на невакцинирани, иако тие причини се разликуваат од држава до држава. Во некои држави се работи за недостиг од адекватна здравствена заштита, некаде постојат внатрешни спорови околу прашањето за вакцинирање, а некаде и дезинформации во врска со вакцинацијата и неинформираностза тоа колку е неопходна оваа вакцина.

По бројот на заболени во оваа година предничат Демократската Република Конго, Мадагаскар и Украина, иако, како што се наведува во извештајот на СЗО, во последните неколку месеци бројот на заразени на Мадагаскар е драстично намален, на што влијаела кампањата за потребата од вакцинирање.

Спонзорирано: