Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Судот забрани демонстрации на аеродромот во Хонгконг

Аеродромските власти во Хонгконг денеска сооптшија дека добиле судски налог со кој се забрануваат демонстрации, кои го попречуваат нормалното работење на аеродромот.

Откако повеќедневните протести го нарушија работењето на аеродромот и потоа доведоа до принудно откажување на стотици летови, аеродромот денеска се враќа во нормала, иако повеќе од 100 летови повторно се откажани, се наведува на официјалната веб страница на аеродромот.

Аеродромската управа соопшти дека добила привремена забрана за „ограничувања за лицата од противзаконско и намерно попречување или попречување за правилно користење на аеродормот“, и од „присуство или учество во било какви демонстрации или протести на аеродромот“, освен во одредени подрачја.

Откако беше објавена судската забрана во аеродромската зграда се распоредени полицајци, а персоналот на аеродромот го запираше влегувањето на сите лица освен на патниците и овластениот персонал, пренесуваат локалните медиуми.
Извршниот директор на аеродромот Фред Лам изјави дека демонстрации се дозволени само на одредени места и тоа со претходно одобрение.

Во тренд…