Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Сателитски снимки на кинески паравоени сили во близина на границата со Хонгконг

Кина ги натрупува паравоените сили на Народната полиција недалеку од границата со Хонгконг, податоците се добиени од сателитски снимки.

Со помош на системот Maxar WorldView, забележано е дека оклопни и други воени возила се паркирани во спортскиот комплекс во Шенжен, спроти хонгконшкото пристаниште.

Американската разузнавачка служба вчера објави информации за военото распоредување на Кина „на границата со Хонгконг“.

Протестите во Хонгконг траат од почетокот на јуни, без крај на повидок.