12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рохани: Иран ќе им даде уште 60 дена на потписничките на ЈЦПОА да ги исполнат барањата

Ако Иран премине во третата фаза на намалување на своите обврски според Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), со тоа ќе им даде на потписничките на нуклеарниот договор уште 60 дена да ги исполнат неговите барања и да го спасат договорот, вели иранскиот претседател Хасан Рохани, пренесува „Спутник“.

„Ако поминат 60 дена од втората фаза без никакви резултати, ние секако ќе продолжиме во третата фаза и тогаш ќе дадеме уште 60 дена за да најдеме рационален, правилен и избалансиран начин за решавање на проблемот. Земјата останува посветена на ЈЦПОА и е подготвена за дијалог“, рече тој на седницата на иранската влада.

На 8 мај 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп еднострано ја повлече својата земја од договорот и ги врати економските санкции за Иран. Овој потег на САД беше критикуван од другите потписнички на договорот, вклучително и Европската Унија, која инсистираше на тоа дека Техеран целосно го испочитувал договорот и ги повика САД да не ги враќаат санкциите.

Точно една година подоцна Техеран ја објави својата одлука делумно да ги суспендира своите обврски за ЈЦПОА и да им даде на другите потписничкии рок од 60 дена за да го спасат договорот.

Како што истекуваше рокот, Иран почна со збогатување на ураниум над нивото од 3,66 отсто наведено во ЈЦПОА, предупредувајќи дека постепено ќе ги напушта своите нуклеарни обврски на секои 60 дена.

Спонзорирано: