20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Помилуван ексградоначалникoт на Техеран кој е осуден на смрт

Ексградоначалникот на Техеран Мухамед Али Наџафи, кој е осуден на смрт поради убиство на својата сопруга, сепак избегна смртна казна. Тој ја избегнал казната по потегот на семејството на неговата сопруга, соопштија извори блиски до случајот.

Наџафи (67) на 30 јули бил осуден на смртна казна, бидејќи кон крајот на мај со огнено оружје ја убил својата втора сопруга, 30 години помлада.

Во Иран семејството на жртвата може да бара смртна казна во согласност со законот „кесас“ или закон за одмазда, што и направило семејството на убиената сопруга. Но, братот на покојната, денеска соопштил дека неговото семејство одлучило да ја повлече таа мерка, за да Наџафи биде помилуван.

Ексградоначалникот на Техеран сепак ќе остане во затвор, бидејќи е осуден на 2 години затвор, поради незаконско поседување оружје. Засега се уште не се знае дали смртната казна ќе биде преиначена во доживотен затвор.

Неговиот втор брак со многу помлада жена предизвикал скандал во иранското општество, бидејќи се оженил по вторпат без развод со првата сопруга, што според иранскиот закон е дозволено. Но, во Иран не се гледа добро на полигамијата иако Наџафи тогаш не го прекршил законот.

Спонзорирано: