11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина не дозволува американски воени бродови да се закотват кај Хонгконг

Кина го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонгконг во текот на наредните недели, изјавија неименувани американски претставници.

Тие истакнаа дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола кон крајот на месецот да се закотви во Хонгконг, додека крстосувачкиот брод „Лејк Ири“ побарал одобрение за во септември.

Кинеските власти не ја образложиле причината за ваквата одлука, но истата не е без преседан. Кина слично вакво барање одби и во септември минатата година.

Политичката криза во Хонгконг, кој е под кинеска управа, се продлабочува, а демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на аеродромот, каде во моментов ситуацијата е вратена во нормала.

Спонзорирано: