7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски го олеснува процесот за државјанство за Русите жртви на политички прогон

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ѝ наложи на владата да изготви предлог-закон за поедноставување на процедурите за добивање украинско државјанство за Русите кои се прогонувани од политички мотиви, пренесува ТАСС.

Уредбата беше објавена на веб-страницата на украинскиот претседател во понеделникот.

„Барам за кратко време да се подготви украински закон за да се олесни постапката за добивање украинско државјанство за руски државјани кои биле подложени на прогон поради нивните политички ставови“, се вели во документот.

Според декретот, поедноставените процедури ќе се применуваат и на странци и лица без државјанство кои учествувале во спроведувањето на мерките за обезбедување национална безбедност и одбрана на Украина.

Во својот декрет, Зеленски го прошири списокот документи кои можат да послужат како основа за добивање украинско државјанство. Една од нив е изјава дека лицето кое е подложено на прогон поради политички ставови се откажува од руско државјанство и потврден документ за тоа.

Претседателот исто така му нареди на кабинетот на министрите да го забрзаат разгледување на барањата поднесени од Руси за признавање на статусот на бегалци или лица на кои им е потребна дополнителна заштита.

Спонзорирано: