Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ВМРО-ДПМНЕ: Четири недели нема проширување на истрагата за „Рекет“

Четири недели нема проширување на истрагата, иако целата јавност слушна дека Зоран Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски и Катица Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, коментирајќи ги актуелните случувања со аферата „Рекет“.

„Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев. Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со русковска-обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај? Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев? Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец, кој е осомничен за рекетирање, му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?“, прашува опозицијата,

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги притвори вмешаните во случајот бидејќи, како што велат, постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.