11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ бесни по изјавата на Заев, го осудија за навреда врз основа на сексуална определба

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев во која го употребува зборот “педер”, што за нив е навреда кон ЛГБТИ заедницата.

Опзоициската партија за прв пат официјално и јавно застана зад оваа маргинализирана група и во своето соопштение велат дека „толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период“.

-Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период. Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени.Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен.Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт, се вели во соопштението на демохристијанската и конзервативна десничарска опозициска партија – ВМРО ДПМНЕ.

Спонзорирано: