4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен Италијанец во Хрватска затоа што украл човечка коска

Италијански државјанин е уапсен во Хрватска и против него е поднесена кривична пријава бидејќи зел човечка коска од археолошкиот локалитет Јаз на островот Паг.

Полицијата соопшти дека 31-годишниот Италијанец е осомничен дека зел коска долга 20 сантиметри во саботата и е обвинет за кршење на мирот на починатиот, соопшти Хина.

Според хрватското кривично право, лице кое нелегално ископа, одземе, оштетува, уништува, крие или го преместува телото или дел од телото на починато лице, односно го осквернави, се соочува со затворска казна до две години.

Италијанскиот државјанин ќе биде сослушан во државното обвинителство Задар.