Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Пронајдено тело на тинејџерка во Малезија за кое се верува дека е на исчезнатата Нора

Полицијата во потрага по тинејџерка која неодамна исчезна во Малезија пронајде тело, објави во вторникот организацијата што помага во потрагата.

„Фондот ‘Луси Блекман’ може да потврди дека е пронајдено тело во потрагата по Нора Кворин“, се вели во објавата на добротворната организација на „Твитер“.

„Во овој момент не можеме да потврдиме дека се работи за Нора. Сепак, за жал, се чини веројатно. Во тек се истраги за да се потврди идентитетот и причината за смртта“, се додава во објавата.

Нора Кворин, 15-годишна тинејџерка со тешкотии во учењето од Лондон, исчезна на 4 август од нејзината соба во одморалиштето „Дусум“ во Серембан, на околу 70 км јужно од малезиската престолнина Куала Лумпур, каде што беше на одмор со семејството.

Во понеделникот нејзиното семејство понуди награда од 50.000 малезиски рингити (10.600 евра) „за информации што ќе помогнат во враќање на нивната ќерка“. Парите биле донирани од анонимен бизнисмен во Белфаст, се вели во соопштението.

Во тренд…