Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Кина испраќа тенкови пред вратaта на Хонгконг

Кинески воени возила се собираат во Шенжен, град оддалечен само 25 километри од Хонгконг, што е јасен предупредувачки знак од Пекинг до демонстрантите во Хонгконг.

Неколку снимки објавени на социјалните медиуми покажуваат долга поворка воени камиони и оклопни возила што влегоа во Шенжен во понеделникот наутро. Кинескиот таблоид „Глобал тајмс“ објави компилација од разни снимки на кои се прикажани воени камиони кои се подготвуваат во Шенжен „пред големи воени вежби“.

Весникот исто така забележа во својот извештај дека 12.000 полицајци, тенкови, хеликоптери и возила амфибии се собрале во Шенжен на 6 август за да учествуваат во нешто што изгледа како вежби за одговор на немирите.

Адам Ни, истражувач на кинеската надворешна и безбедносна политика на австралискиот национален универзитет, на „Твитер“ изјави дека воениот приказ е јасно предупредување на Хонгконг за борбената готовност на Кина.