7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ќе гради центар за производство на изотопи на нуклеарната локација „Фордоу“

Иран денеска ја инаугурираше изградбата на центар за производство на изотопи на нуклеарната локација „Фордоу“ во близина на градот Ком, пренесува иранската новинска агенција „Мехр“. На церемонијата присуствувал Али Акбар Салехи, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран.

Центарот ќе истражува методи за производство на стабилни изотопи, вклучително и преку дестилација и размена на топлина. Овие изотопи можат да се користат во медицината, индустријата и во науката. Објектот се очекува да биде изграден до средината на мај 2020 година и опремен по септември истата година.

Иран беше обвинет за збогатување ураниум во подземниот објект „Фордоу“ пред да потпише договор во 2015 година за да ги намали своите нуклеарни активности. Техеран во неколку наврати негираше дека „Фордоу“ е наменет за произведство на ураниум за оружје, велејќи дека тој е само за производство на ниско збогатен ураниум за електрани.

Спонзорирано: