10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Барањата за азил во ЕУ пораснале за 10 отсто во првата половина од годината

Барањата за азил во европските земји скокнаа за 10 отсто во првата половина од годината во однос на истиот период во 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот.

Прелиминарните анализи на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО) откриваат дека во првите шест месеци од годината биле поднесени 337.200 апликации за азил во земјите на ЕУ+ – 28т-е држави членки, како и Норвешка и Швајцарија.

Ова претставува скок од 10% во истиот период минатата година, според ЕАСО.

Главните земји на потекло на баратели на азил се Сирија, Авганистан и Венецуела.

Агенцијата на ЕУ наведува дека бројот на апликации од државјани на Латинска Америка, вклучувајќи ги оние од Венецуела, Колумбија и Салвадор, веќе е еднаков или го надминува вкупниот број на регистрирани барања за азил за цела 2018 година.

И покрај порастот на апликациите, државите на ЕУ издадоа само 41.700 решенија во прв степен – најнизок број за околу четири години – а околу 439.000 случаи сè уште чекаа на крајот на јуни, од кои мнозинството беа постари од шест месеци.

Севкупно, нешто повеќе од една третина од решенијата (34%) издадени во првите шест месеци од 2019 година добија заштита од ЕУ, од кои 66.923 апликанти добиле статус на бегалец, а на дополнителни 28.331 им била одобрена дополнителна заштита.

Граѓаните од Јемен и Сирија имаат највисока стапка на прифатени барања (84%), додека барателите на азил од Молдавија и Северна Македонија имаа најниска – 0,3% и 1%, соодветно.

Спонзорирано: