12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

АНАЛИЗА: Силната порака на Заев навестува старт на жестока акција против криминалот

По силните пораки на премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, јавноста, меѓународната заедница, меѓу кои и амбасадата на САД за нов почеток на правната држава, време е за акција против криминалот на секое поле.

Меѓународната заедница, но и граѓаните бараат конечна пресметка со криминалот. Еднаш засекогаш да се расчисти со криминалците од минатото и сегашното време. Да се расчисти се’ што беше сомнително за време на режимот, но и што е сомнително денес.

Не смее да се дозволи едно оркестрирано новинарско злосторничко здружување  од Македонија, Србија и Италија вкрстено, финансиски инструирано и поддржано од тешки криминалци осомничени за тешки кривични дела да прават хаос низ државава урнисувајќи ја правдата и институциите на системот.

Обидот за да си ги спасат нивните  милиони и нивната слобода, ја чинат државава многу, не само пари, туку и иднината на земјата. Како држава, после се’ низ што поминавме во изминативе 20-тина години, особено во оние тешки мрачни 11 години за време на режимот, должни сме на сегашните и идните генерации да им обезбедиме пристоен и убав живот каков што доликува во една модерна европска држава.

 

НА ЗОРАН ЗАЕВ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ НЕ МУ БЕШЕ ЛЕСНО – ХИЕНИТЕ ПОСТОЈАНО ГО НАПАЃАА И ГО КОЧЕА ВО ВРАЌАЊЕТО НА СЛОБОДНАТА ДРЖАВА И ВО ПРОЦЕСОТ НА РЕШАВАЊЕ НА ТРИДЕЦЕНИСКИОТ СПОР СО ГРЦИЈА ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев има право да е лут, речиси и да не виде раат во владеењето, велат аналитичарите.

Нему не му дадоа ни сто дена влада, а како хиени, платените медиуми, корумпираните фаци и опозицијата која застана на страната на осомничените криминалци, постојано му креираа лажни афери и му правеа сопки на секој чекор.

И после жестоката борба со режимот на Никола Груевски, кога земјата го стигна дното, а државата беше во хаос, до гуша со прислушкувањето, уништувањето на судбини, местени акции на полицијата, пиштење вриштење во бизнис секторот (кој веројатно заборави и силно денес ги поддржува и директно финансира фејк-њуз опозициските медиуми преку огромни рекламни колачи), затворањето на А1 и весниците, апсењето и секојдневните тужби и малтретирања на новинарите, премиерот Зоран Заев беше тој кој со цел свој кредибилитет, наместо да ужива во опозициската комоција реши жестоко да застане против режимот на Никола Груевски и да се надмине себеси објавувајќи ги скандалозните бомби во кои слушнавме работи кои не можевме ни да ги помислиме во главата, а не дека се случувале пред нас.

Заев беше човекот кој и покрај тоа што авторитарниот режим на ВМРО ДПМНЕ не сакаше да му ја предаде власта, за време на крвавиот четврток беше нападнат и се соочи со обид за убиство од страна на организираната група. Тој е човекот кој заработи лузни за денес Македонија да биде слободна држава, каде што секој може да го каже својот став.

За жал некои брзо заборавија се’ што направи овој човек за од земја каде што царуваше стравот, рекетот и уцените, криминалот на власта, уништувањето на животните судбини, секојдневните казни и арачи од страна на инспекторите кои затвораа цели бизниси и чии потези бркаа семејства од државава, денес да направи земја во која има слободно изразување, нема полициско насилство, нема казни врз невини граѓани и фирми, ниту монтирани судски процеси.

Заев ја направи Македонија во земја членка на НАТО, на самиот праг е и почетокот на преговорите со ЕУ. Буквално тој стави се’ на маса за да дојдеме на ова ниво каде што сме сега.

Според познавачите на состојбите лутата изјава на Заев, покажува дека тој не се лути за себе, за власта, за партијата, туку за чесните граѓани кои сакаат во ЕУ и НАТО и напредок, правна држава. За економијата, за правна држава, за земјоделците, за социјалата, нешто што опозицијата поддржана од анти-западниот странски фактор не го сака од повеќе причини.

Ваквиот потег на премиерот е сериозна порака за најава за жестока борба против криминалот. Да се биде или не. Ова е вистински момент за голема акција на институциите против криминалната структура и заробената држава. Време е за безпоштедна и безкомпромисна акција.

Спонзорирано: