3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева се врати на работа – Ќе ги детонира ли 10-те истраги кои можат да направат нов потрес на политичката сцена?

Првиот човек на СЈО, Катица Јанева се врати на работа.

Од денеска таа ја почна работната недела, откако го искористи годишниот одмор, за кој медиумите тврдеа дека го искористила надвор од земјава, односно на грчките плажи.

Јанева ја чека многу работа, особено откако изби скандалот со аферата “Поткуп”, за што најверојатно ќе треба да даде исказ пред Јавен обвинител, откако нејзиното име беше спомнато во прислушкуваните разговори објавени од екстремно-десничарскиот весник Ла Верита.

Во дел од снимките за случајот „Рекет“ објавени на интернет според Ла Верита и медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ, се слуша гласот на Катица Јанева која во разговор наводно со бизнисменот Орце Камчев му вели дека сѐ ќе биде во ред.

Засега во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои од 15 јули се во 30-дневен притвор.

Специјалната обвинителка Катица Јанева веднаш се огласи со писмена изјава, во која тврди дека била злоупотребена и дека во интерес на истрагата повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да издејствува подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало и преку од нив назначени посредници.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, вели во изјавата Јанева.

Јанева во неколку наврати спомна дека СЈО има уште десет истраги спремни за брзо процесирање, а токму тие биле причината за ваквата местенка која што и’ се случува.

Спонзорирано: