12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Се “тресе” ли Белата Палата? – Случајно или не се случуваат аферите “поткуп” и “рекет”, по неколку дена откако се објави ОВА

Аферите “Рекет” и “Поткуп” кои последниве денови ја зоврија атмосферата на политичката сцена во Македонија, откако беа објавени прислушкувани аудио и видео материјали од италијанскиот весник Ла верита, својата жестина ја добија на само неколку дена откако Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинението за Талир 2.

Аудио и видео снимките покажаа дека обидот за поткуп се одвивал мазно и срдечно, а досега објавените снимки не покажаа закани или навреди меѓу поткупувачот и осомничениот за Рекет, туку ја покажаа нивната силна пријателска врска преку честото користење на називите срце мое, шефе, ние двајцата сме исти, ние не сме рекетари и тн..

Дури и интересна е комоцијата и леснотијата меѓу наводните ликови кои се слушаат во снимките, кои користат собено и многу често при меѓусебните разговори називи “Шефе” и “Срце мое”.

 

Судот даде зелено светло за Талир 2

– Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките.

По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките.

Отткако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се вели во соопштението на Кривичниот суд објавено на 31 јули 2019 година.

Симптоматично е што аферите “Рекет” и “Поткуп” чија единствена цел е рушење на СЈО и девалвирање на власта во Македонија, својата жестина ја добиваат по оваа одлука, но и по пораката на премиерот да се стави крај на “заробената држава” и по повикот да одговара секој што сторил криминал.

 

Боли ли мега-аферата Талир 1 и 2?

Случајот на СЈО за изградбата на „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе влезе во судница.

Во овој случај осомничени се бегалецот Н.Г. и поранешниот генерален секретар на Владата К.Б., нив ќе им се суди за незаконска изградба на седиштето на партијата.

Засега не се знае кој судија ќе го води предметот-допрво ќе се определи со Акмис-системот.

„Талир 2“ е продолжение на „Талир“-судење кое се однесува на незаконско финансирање на партијата, а за кое обвинение судот даде зелено светло пред 6 месеци. Но од тогаш, иако дел од обвинетите 9 пати седнаа на обвинителна клупа, не се оддржа ниту едно рочиште.

И во случајот Талир обвинети се Н.Г. и К.Б., но и поранешниот министер за транспорт и врски М.Ј. кој до неодамна штрајкуваше со глад во притвор, пратеникот И.Д., како и самата партија, чии што објекти се замрзнати.

 

СКУП: ВМРО ДПМНЕ е најбогатата партија во Европа – ЦДУ на Меркел има имот од 50 милиони, а ДПМНЕ од 60 милиони евра

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите политички партии на ниво на Европа, покажува истражувањето на СКУП – центарот за истражувачко новинарство.

Партијата поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни. Вкупната вредност на имотот на ВМРО-ДПМНЕ се проценува на околу 60 милиони евра.

Само за споредба, Христијанско Демократската Унија на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, додека Лабуристичката и Конзервативната партија во Велика Британија заедно, не поседуваат поголем имот од 20 милиони фунти.

Спонзорирано: