3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата употреби солзавец на денешните демонстрации во Хонгконг

На неколку локации во Хонгконг денеска продолжија антивладините протести, при што полицијата пукаше со солзавец кон демонстрантите во работничката населба Шам Шуи По.

Голем број луѓе се собраа во паркот Викторија, носејќи транспаренти „Вратете ни го Хонгконг“ и „Повлечете го лошиот закон“, мислејќи на законот за екстрадиција во Кина.

Во поранешната британска колонија веќе трет ден во тек е и мирен протест на аеродромот.

Полицијата денеска соопшти дека 16 лица биле уапсени за нелегално собирање и поседување на оружје за време на вчерашниот протест.

Властите во Хонгконг, кој има статус на посебен административен кинески регион, уапсиле повеќе од 600 луѓе од почетокот на протестите во јуни.

Демонстрациите во Хонгконг се одржуваат веќе девет недели и започнаа како одговор на предложениот закон за екстрадиција, но исто така се проширија и сега опфаќаат и барања за поголеми слободи на граѓаните.

Демонстрантите бараат оставка од премиерката на Хонгконг, Кери Лам и истрага по однос на жалбите за полициска бруталност.

Спонзорирано: