21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Случајно или не: Мафијашкиот оркестриран аттак врз власта на Заев се случува на неколку дена откако премиерот го најави ОВА

Случајно или не. Оркестрираната хајка против про-западната Влада на Зоран Заев која има за цел да ја внесе Македонија во НАТО до крајот на годинава се случува откако премиерот Зоран Заев најави конечен пораз на “заробената држава”, а постојано повикува на зајакнување на правната држава и слободни институции кои ќе имаат сила да го гонат секој оној кој се огрешил на законите, без разлика на тоа на каква функција припаѓа или која политичка опција е.

-Сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран.

Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.

Ова е време за конечен пораз на „заробената држава“, објави премиерот Зоран Заев во својата порака на 5-ти август оваа година.

Само два дена потоа почнува објавувањето на снимените материјали во италијанскиот весник “La Veritas”, за кои постојат индиции дека се истите материјали кои ги има и обвинителството, а можно е целта е да се спаси осомничен или осомничени во случајот Рекет, а на тоа и да се заработи некој поен за про-десничарската и антизападната опозиција во Македонија, која јасно и недвосмислено работеше против американските, европските и западните вредности во земјава.

Интересна е и посетата која минатиот месец на опозицискиот лидер во Унгарија. Не би било ништо сомнително доколку Унгарија не беше местото каде што пребега осуденикот Никола Груевски, поранешен премиер кој е осомничен во многу предмети на Специјалното обвинителство.

Инаку колку да се потсетиме дека на овие краишта членството во НАТО и не е баш посакувано нешто од структурите на мафијата, но и од анти-западните сили.

Со уште полошо сценарио беше направен и неуспешен обид за спречување на Црна Гора да влезе во НАТО, кој за среќа не само што не успеа, туку беше осуетен и поразен.

Токму поради ова итно е потребно вклучување на меѓународната заедница, пред се’ на САД и Германија против оркестрираната мафијашка структура која има два таргети: Првиот е спас на сопствената кожа од одговорност за криминалите за време на режимот, вториот таргет е пропаѓање на зачленувањето во НАТО што од една страна ќе им донесе можност да го тераат својот криминал на свој начин, од друга страна ќе им помогне на анти-западните сили да ја оттргнат Македонија од про-западниот пат кој ветува деократска и блескава иднина, наспроти антизападниот пат кој нуди постојана несигурност и темна и маглива индина за македонската држава, но и за овој дел од Балканот, каде постојано нешто врие.

Спонзорирано: