Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Зеленски: Макрон го поддржува новиот самит на нормандиската четворка

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја поддржал неговата иницијатива за обновување на преговорите на Франција, Германија, Украина и Русија, во врска со конфликтот во Донбас, во Источна Украина.

Киев инсистира на нова рунда разговори на таканаречениот „Нормандиски формат“, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Донбас.

Зелински претходно вчера имаше телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин во врска со загинувањето на четворицата украински војници во регионот на Донбас и го повика Путин да изврши влијание врз сепаратистите во таа област.