15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести во Австралија поради климатските промени

Полицијата во Австралија уапси десетици учесници во протестот против климатските промени во Бризбејн, кои го попречуваа сообраќајот.

Денешните протести се најнови во низата протести организирани од групата за заштита на животната средина, на кои присуствуваа околу 300 лица, од кои против 72 беше подигнато обвинение поради јавна непослушност, непочитување на законот и попречување на полицијата.

Демонстрантите, на возраст меѓу 18 и 73 години, седеле на улица и го блокирале приодот на службите за итни случаи.

Организаторката на протестот, Лора Лакарди, рече дека попречувањето на сообраќајот е целта на протестот, а учесниците се среќни што ќе одат во затвор.

Бризбејн е најголемиот рударски град во Австралија.

Спонзорирано: