21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Естонија нема да ги признава руските пасоши издадени во Украина

Естонија соопшти дека нема да ги признае руските пасоши понудени на жителите во источниот дел на Украина кој е под контрола на сепаратистичката партија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа година вети брзо добивање државјанство на секој што живее во украинските области Доњецк и Лоханск.

Поради тоа, Путин беше обвинет за напад врз суверенитетот на Украина и загрозување на примирјето во регионот.

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека нема да ги признае руските пасоши издадени во тие области по 24 април 2019 година, освен ако носителот претходно не бил руски државјанин.

„Давањето забрзано руско државјанство на жителите на источна Украина е уште еден обид за поткопување на независноста на Украина и влошување на моменталната нестабилна безбедносна состојба во источна Украина“, рече министерот за надворешни работи, Урмас Реинсалу, во изјавата објавена во понеделникот.

„Тоа е целосно спротивно на духот на договорите од Минск. Денешната одлука на Естонија ја одразува нашата фундаментална осуда за амбициите на Русија од ваква природа“, додаде тој.

Според државниот радиодифузер ЕРР, Естонија е прва земја членка на ЕУ што презеде ваков чекор. Канада беше првата земја во светот што претходно го направи истото.

Реинсалу рече дека верува оти другите држави на ЕУ би можеле наскоро да го следат нивниот пример, додавајќи: „Наша должност е да продолжиме активно да ги поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Естонија претходно одлучи да не ги признава пасошите на Руската Федерација издадени на Крим и Севастопол на локалните жители по 18 март 2014 година, доколку корисникот на пасошот претходно не бил руски државјанин.

Спонзорирано: