14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Се зборува за 18 мртви: Вооружани напаѓачи влетале во трговски центар во Тексас, убиени повеќе лица

Повеќе лица се убиени во пукање во трговски центар во Ел Пасо во Тексас, потврдија властите.

Оливија Зепеда, која е шеф во кабинетот на градоначалникот изјави дека осомничените за пукањето се во притвор, меѓутоа не наведе колку лица се приведени, пренесе „Си-ен-ен“.

Таа истотака не прецизира ниту колкав е бројот на повредени.

Локалната телевизија КТСМ јави дека се убиени 18 лица.

Полицијата е на лице место а граѓаните се замолени да ја избегнуваат областа.

Трговскиот центар се наоѓа на само неколку километри од американско-мексиканската граница.

Спонзорирано: