13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Злосторството какво што не се памети во Хрватска било извршено од љубомора

Хрватскиот таксист Игор Наѓ најверојатно од љубомора ја убил поранешната партнерка, нејзиниот 10-годишен син, како и уште четири лица од нејзиното најблиско семејство. Според медиумите, какво злосторство не се памети досега во Хрватска. Убиецот до смрт ги изрешетал сите, преживеало само двомесечното бебе кое што го имал со неговата партнерка Маја. По злосторството, тој си го одзел животот.

Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година. Има 36 години и по професија е таксист. Неговиот автомобил „шкода октавија“ бил пронајден на местото каде извршил самоубиство по грозоморното злосторство. Според медиумите, убиени се сестрите Маја и Јосипа Тојагиќ, како и 10-годишниот син на Маја. Меѓу убиените се и нивните родители Драгомир Тојагиќ и Фиљке Тојагиќ.

Маја за осум дена требала да го прослави 35. роденден. Според првичните неофицијални информации, убиецот најверојатно бил момче на Маја. Според загрепската полиција, во 4:10 часот убиецот извршил самоубиство.

,,Маја беше добра девојка и добра колешка. Работевме во еден салон за масажа. Игор доаѓаше кај неа на масажа и така ја започнаа врската. Таа беше разведена и имаше дете. За детето навистина се грижеше како вистинска мајка. За Игор не знам дека се занимавал со дрога ниту дека бил дилер. Маја никогаш не се жалеше од него, но тоа беше почеток на нивната врска. Не знам што во меѓувреме се случувало затоа што не бевме во контакт. Сестра ѝ не ја познавав. Не знам дали бебето кое преживеало е нејзиното и на Игор затоа што таа објавуваше многу заеднички фотографии со нејзиниот син, па зошто не би објавила и од бебето. Но, не можам со сигурност да тврдам”, велат колеги на Маја во изјава за хрватските медиуми.

Познаник на Игор и сам шокиран од злосторството, тврди дека на Игор очигледно му „пукнал филмот“. Семејството на Игор после бекството од Буковар било сместено во хотелот Интернационал. Неговиот брат се вратил во Вуковар после завршување на војната, а татко му и мајка му ги напуштиле и ги оставиле сами да се борат во животот.

„Го познавам површно, секогаш беше на ивицата на законот. Животот го остави сам во Загреб и се снаоѓаше како знаеше. Очигледно му пукнал филмот, знам дека повеќепати имаше конфликт со семејството“, рекол тој.

Спонзорирано: