3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја: Извршена е проба на ракетниот систем, не на ракетите

Северна Кореја соопшти дека нејзиниот лидер, Ким Џонг-ун, го надгледувал првото пробно лансирање на новиот повеќенаменски ракетен систем.

Ова го објавила севернокорејската агенција КЦНА иако јужнокорејската војска соопшти дека од Северна Кореја биле лансирани две балистички ракети со краток домет.

КЦНА пренесе дека Ким изразил задоволство од пробното лансирање и рекол оти најновиот ракетен систем ќе има главна улога во воени операции.

Севернокорејската агенција не спомена ниту една земја како потенцијална цел, но се претпоставува дека се однесува на Сеул, кој е во домет на оружјето, пренесоа светските агенции.