21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Нов закон на сила : Русите можат да земат хипотекарен одмор

Во Русија стапи на сила „закон за хипотекарен одмор“, кој им дозволува на граѓаните со станбени кредити да паузираат за отплата доколку се соочат со проблеми поради кои неможат да ги плаќаат ратите.

Законот дозволува пауза во отплатата на хипотекарниот заем, кој Русите веќе го нарекоа „хипотекарен одмор“ и кој може да трае до шест месеци.

Паузата може да им се даде на должниците кои што се во тешка животна ситуација, како што се загубата на издржувателот, привремен или прв или втор степен на инвалидност и намалување на приходот на семејството за повеќе од 30 проценти.

За да се добие „хипотекарен одмор“, месечната рата мора да биде поголема од половина од просечниот месечен приход на должникот.

Според тоа, тој може да одбере исполнувањето на неговите обврски да биде суспендирано или да биде намалена ратата. Тој може да ја користи оваа можност само еднаш во периодот додека го отплаќа кредитот.

Од денеска стапува на сила изакон во Русија, според кој материјална корист добиена за време на „хипотекарен одмор“,е одлободена од данок на добивка, бидејќи не се смета како приход на даночниот обврзник.

Спонзорирано: