Секогаш во средиштето на збиднувањата...

„Нетфликс“ вреди повеќе од БДП-то на пет балкански земји

Вкупниот бруто-домашен производ (БДП) на пет балкански земји е помал од моменталната вредност на „Нетфликс“, покажува истражувањето на порталот „Хау мач“, кое ја спореди пазарната капитализација на некои од најголемите светски компании на берзата во САД со БДП на земјите во развој.

„Нетфликс“e еден од најпознатите сервиси за гледање филмови и серии преку интернет, вреди над 166 милијарди долари.

Со тоа, пазарната капитализација на „Нетфликс“ вреди повеќе од заедничкиот БДП на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Хрватска, доколку се земе предвид дека комбинираниот БДП на петте балкански земји вкупно изнесува нешто повеќе од 149 милијарди американски долари, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Највредните компании на американската берза главно се занимаваат со технологија или финансиски активности, при што само „Мајкрософт“ надминува вредност од еден милион милијарди долари.

Високата пазарна капитализација на овие компании е уште поизразена во однос на БДП на земјите во развој, особено во Источна Европа, Африка и Латинска Америка. Одредени капитализации може да се споредат и со БДП на многу поголеми земји, како Аргентина и Русија.