3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Истрага против Порошенко поради префрлање државни пари

Украинското Национално истражно биро поведе истрага против поранешниот претседател Петро Порошенко и неговите соработници поради префрлање големи суми девизи од државната компанија „Укробронпром“ на сметка на офшор-компании според лажни договори.

„Отворено е ново кривично дело што може да погоди десетици соработници на Порошенко. Вчера, Националното истражно биро официјално поведе истрага“, рече Андреј Портнов, адвокат и поранешен заменик-началник на кабинетот на поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Според обвинувањата, по директна наредба на Порошенко и шефот на Народната банка, Валери Гонтарева, централната банка во 2016 година ги укинала одредбите за контрола на девизите, така што „Укробронпром“ можела да изврши офшор-плаќања однапред, без контрола и ограничувања на износот.

Адвокатот Портнов верува дека случајот може да резултира во конфискација на целиот имот на Порошенко и на Гонтарева, како и на долги затворски казни, пренесува ТАСС.

Порошенко е осомничен и за велепредавство, злоупотреба на службената должност, перење пари, затајување данок, обид за узурпација на правосудството и незаконско именување министри во 2016 година кога немаше коалиција во парламентот.

Спонзорирано: