13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пилот од патниците побарал пари за гориво ако сакаат авионот да полета

Пилот на ирачка авиокомпанија барал од патниците пари за гориво за да може авионот да полета од аеродром во Тунис.

Тој им се обратил на патниците со зборовите: „Драги патници, соберете пари за гориво и полетуваме“.

Патниците бурно реагирале и го одбиле барањето на пилотот, а сметката од 3.000 американски долари на крајот ја платиле службеници од ирачката амбасада, пренесува РТС.

Барањето на пилотoт на авиокомпанијата „Ираки ервејс“ за патниците да соберат 3.000 американски долари за гориво за да може да полетаат кон Багдад предизвика силни реакции бидејќи сопственикот на компанијата тврди дека целата приказна е фабрикувана и дека летот од Тунис се одвивал без проблем.

„Имаше некои технички и логистички проблеми што предизвикаа одложување“, соопшти ирачката авиокомпанија.

Спонзорирано: