13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Се трага по убиецот на руската блогерка која беше пронајдена во ковчег со пресечен врат

Русија е потресена случајот со познатата руска блогерка која беше пронајдена во куфер со пресечен врат. Полицијата трага по убиецот на руската убавица, а медиумите случајот го опишуваат како „злосторство од хорор филм“.

24-годишна руска блогерка беше пронајдена деновиве во куфер со пресечен врат. Нејзините родители се посомневале дека нешто се случило откако таа со денови не одговарала на мобилниот телефон. Тие го контактирале сопственикот на станот каде живеела, кој отишол да ја побара. Сцената што ја видел никогаш нема да ја заборави

Руската блогерка која е вистинска убавица, Екатерина К.(24) е пронајдена мртва во изнајмен стан во Москва, пренесува Mirror.

Русинката е пронајдена гола со пресечен врат и повеќе убодни рани. Убиецот ја ставил 24-годишната девојка во куфер. Се уште не е познато кој е сторителот, но полицијата се сомнева дека станува збор за убиство поради љубомора. Според руските медиуми, Екатерина неодамна раскинала со 32-годишен маж и започнала романса со 27 години постар маж.

Спонзорирано: