12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 650.000 потписи за само неколку дена на петицијата против семејно насилство во Русија

Петицијата со која се повикуваат властите да ги заострат законите за семејно насилство во Русија доби поддршка од 650.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за време на големата кампања што се одвиваше на социјалните мрежи.

Повеќе од десет блогери и активисти, кои ги следат милиони луѓе на разни платформи, пред десетина дена почнаа кампања со поставување фотографии од жени со модринки, расеченици или други повреди. Под фотографиите е ставен слоганот „Не сакав да умрам“.

Кампањата е дел од рекламата за петицијата за заострување на законите за семејно насилство потпишани од речиси 650.000 луѓе за неколку дена.

Во Русија малку се зборува во јавноста за оваа форма на насилство. Според официјалните бројки, речиси 16 милиони жени во Русија страдаат од семејно насилство секоја година.

„Секоја трета жена во Русија е претепана од сопруг или партнер. Во Русија на секои 45 минути една жена е убиена во семејно насилство“, рече блогерката Олга Крацова.

Спонзорирано: