12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестгодишно дете е застрелано во пукањето во Калифорнија

Шестгодишнно дете загина во пукањето на фестивал за храна во Калифорнија. Според медиумите, Стефан Ромеро (6) бил убиен, заедно со уште две лица кои присуствувале на последниот фестивалски ден во Гилрој.

,,Моите мисли и молитви се со семејствата на оние кои ги изгубија своите животи и оние што се опоравуваат во болницата. Длабоко жалам поради веста за Стефан Ромеро, се молам дека Бог ќе му даде сила на неговото семејство”, изјави Фред Товар од Градскиот совет на Гилрој.

Бабата на Стефан, Марибел Ромеро, изјави за медиумите дека Стефан веќе бил мртов кога таа пристигнала во болницата.

,,Јас само се надевам дека има правда и дека ќе ги фатат и другиот напаѓач. Сакам правда за мојот внук”, изјави Ромеро. Таа вели дека нејзината снаа и другата баба на Стефан биле исто така застрелани и хоспитализирани.

Полицијата сé уште испитува дали имало втор напаѓач вклучен во пукањето, во кое загинаа три лица, а 15 се повредени.

Спонзорирано: