13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 1.000 евакуирани во поплавите во регионот Иркутск

Спасувачките екипи евакуираа повеќе од 1.000 лица во рускиот регион Иркутск поради новиот бран поплави, објави регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби, пренесува ТАСС.

„Вкупно 1.076 лица се евакуирани, вклучително и 615 деца. Околу 41 лице, меѓу кои и осум деца, во моментов престојуваат во објекти за привремено сместување”, се вели во соопштението.

Според регионалниот Оддел за метеорологија и мониторинг на животната средина, се очекуваат обилни врнежи на југ од регионот, каде што нивото на реките ќе продолжи да расте.

Поплавата кон крајот на јуни го погоди регионот Иркутск, што опфаќа речиси 10.900 домови со население од 42.700 луѓе и 11.000 домаќинства, како и 86 социјални објекти, 49 сегменти на патиштата. Според најновите податоци, во поплавите загинале 25 лица, додека седум се уште се водат за исчезнати. Градот Тулун претрпе најголема штета.

Спонзорирано: