20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патарините во Србија од денеска поскапи за 12 отсто

Патарините на српските автопати од денеска поскапуваат за 12 отсто, објави јавното претпријатие „Патишта на Србија“.

Почнувајќи од 7 часот на сила стапи новиот ценовник, според кој на автопатот Белград-Ниш, во зависност од категоријата на возилата, ќе се наплаќа патарина од 450 до 5.410 динари или од 3,8 евра до 45,8 евра.

На делницата од Ниш до Димитровград патарината ќе чини од 210 (1,7 евро) до 1.250 динари (10,6 евра), додека на делницата Белград-Суботица ќе се плаќа од 320 (2,7 евра) до 3.740 динари (29,4 евра).

За патарина од Белград до Шид ќе се плаќа од 410 (3,4 евра) до 2.530 динари (21,4 евра).

Од Ниш до Прешево, патарината ќе чини од 600 (5 евра) до 3.630 динари (30 евра), додека од Љиг до Прељина, патарината ќе чини од 160 (1,3 евра) до 910 динари (7,7 евра).

Спонзорирано: