7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСАНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

На Македонија ѝ оди сѐ подобро: Економијата ќе блеска, а платите и стандардот ќе одат засилено нагоре

По повеќе од една деценија замрзнати плати, Владата на Зоран Заев го почна процесот на раст на платите. Во времето на ВМРО ДПМНЕ платите не растеа, а економијата стагнираше. Видовме како режимот на Никола Груевски се дрзна со казни од 5000 евра па нагоре да ги решета фирмите и бизнисите со цел малите бизниси да пропаднат,а денес со одлука на Парламентот се донесени сет Закони со кои казните на режимот се намалени за 75 отсто.

Запушените артерии на македонската економија ревносно се чистат и наскоро ќе функционираат 100% здраво и квалитетно, како резултат на секојдневните мерки кои и носат благодет на македонската економија.

Политичките стеги врз бизнисот повеќе ги нема, компаниите поддржани од државата, согласно своите капацитети и квалитет можат да чекорат напред и да бидат конкурентни.

Нема веќе “пиштење-вриштење” како што тврдеше еден политички лик на режимот во еден од незаконски прислушкуваните разговори, казните сега се намалени за 75 отсто. УЈП не затвора бизниси заради разлика од 5 денари на фискалниот извештај и касата, туку УЈП им враќа пари назад на граѓаните преку проектот Мој ДДВ, со што едно семејство ќе може да оствари поврат и до триесетина илјади денари на годишно ниво – пари што може да ги искористи за било што.

Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти. Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, добиваат повисоки плати.

Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари. Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%. Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари. Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Над 3.000 воспитувачки ќе добијат 3.000 денари поголема плата.

Во септември ќе има и дополнително покачување од 5% за вработените во социјалните установи, образованието и тн.

Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој.

Важно е да се напомене и дека стапката на невработеност според последните извештаи за последниот квартал од минатата година одбележан со пад на невработеноста на историски 19,4 отсто, најниско ниво досега, а истовремено растот на БДП изнесуваше 3,7 проценти, што значи дека на државата и тргна.

Укинати радиодифузна такса, вратена евтина тарифа на струја, Мој ДДВ – сет мерки кои помогнаа да се оди напред
Радиодифузната такса беше укината, а вратена беше и ефтината тарифа на струја која беше воведена во време на режимот. Со проектот МОЈ ДДВ се враќаат до 30.000 денари за едно семејство на годишно ниво, а појачан беше и проектот купи куќа -купи стан, кој оваа Влада го зајакна со зголемена поддршка со цел секој да може да си дозволи свој дом.

Намалени беа казните за 75 отсто за повеќе сектори.

Влезот во НАТО ќе донесе уште поблескава иднина
Влезот на Македонија во НАТО кој треба да се случи на самиот крај на оваа година, ќе значи и верифицирање на нашата земја како безбедно подрачје, што ќе покаже доверба кај инвеститорите од целиот Свет.

Добра вест за Светот е и тоа што Македонија веќе две години не ги живее секојдневните драми кои ги живеевме во време на режимот, кога се удираше врз луѓе и човечки судбини преку полициски апсења, местење на судски предмети, медиумски линч врз недолжни граѓани со цел уништување на нивните живот, вешташки меѓуетнички проблеми предизвикани со цел да се сврти вниманието на граѓаните и постојана несигурност и неизвесност, што впрочем го чувме и во сетовите разговори кои во 2015-та ги објави тогашниот опозициски лидер Заев, а на начинот на функционирање на режимот на ВМРО, бевме сведоци и за настаните од 27-ми април.

Спонзорирано: