15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советникот на Пацоли: Не е вистина дека ЦАР не го признава Косово

Советникот на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, Јелтир Зиберај, тврди дека не е точна изјавата на српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, дека Централноафриканската Република не го признала Косово, објави „Танјуг“.

„Тоа не е вистина. Верувам дека сите знаат дека пропагандистот на Милошевиќ со клеветење продолжува со своите неуспешни обиди против Косово“, рекол Зиберај за приштинскиот „Телеграфи“.

Дачиќ утринава рече дека ЦАР е 14. земја која го повлекла, суспендирала или прецизирала својот став да не го признае Косово и покажа официјална нота која рече дека синоќа ја добил од таа држава.

Спонзорирано: